Зошто е важна поврзаноста меѓу таткото и неговата ќерка?

Татковците  и ќерките имаат специфична и голема поврзаност. Односот на една девојка со нејзиниот татко не и носи само добри спомени, туку истовремено позитивно влијае на односот кој таа го гради  со мажите во нејзиниот живот.

Девојките кои имаат позитивен однос со својот татко стануваат подобри сопруги и мајки. Ако таткото е нервозен и постојано отсутен, тоа ја намалува самодовербата на една жена и има негативно влијание на нејзината доверба во другите.

Улогата на таткото во животот на неговата ќерка е огромна.

Тој претставува модел за маж

Добриот татко не зборува без почит за другите жени. Тој има интелигенција за да разбере дека и неговата ќерка е жена и дека таа треба да биде почитувана од другите луѓе. Добриот татко верува во еднаквоста меѓу мажите и жените.

Ја инспирира својата ќерка да ги оствари своите цели

Добриот татко треба да ја инспирира својата ќерка да ги следи своите соништа и да верува во себеси. Децата и тинејџерите постојано бараат совети и поддршка од своите родители, па улогата на таткото е да ги инспирира и поддржи своите ќерки.

Ја учи својата ќерка дека таа заслужува добар партнер

Татко кој со почит се однесува кон ќерката и нејзината мајка испраќа јасна порака за тоа каков третман заслужува една жена. Тоа прави голема разлика во врските на неговата ќерка. Ако таа постојано добрива поддршка и фино однесување, тоа ќе го очекува и од своите идни партнери и нема да толерира лошо однесување.

Постојано нуди љубов, но и строгост

Девојките кои не добиваат внимание и поддршка од своите татковци, ќе се потрудат таквото внимание да го побараат на друго место и тоа придонесува кон градење на многу нездрави врски. Таткото е одговорен да ја сака и поддржува својата ќерка, но и да биде строг до одредено ниво, покажувајќи и го доброто и лошото на овој свет и покажувајќи го значењето на зборовите дисциплина и одговорност.

Ја потсетува дека е убава и однадвор и одвнатре

Најдоброто нешто  што може да го направи еден татко е да и каже на својата ќерка дека е убава, но и да и каже дека го цени нејзиниот карактер. На тој начин, таткото ја инспирира својата ќерка постојано да се подобрува и да се труди да биде добра личност и одвнатре и однадвор.