Зошто доцниме? Пет причини за оваа лоша навика

Доцнењето е една од најиритирачките навики која многумина ја поврзуваат со непочитувањето. Иако постојат личности кои доцнат за да се чувствуваат моќни и важни, повеќето тоа го прават сосема непланирано. Ова се пет причини поради кои доаѓа до оваа лоша навика. 

„Само уште ова“ ефект
Истражувањата покажуваат дека ова е една од главните причини за доцнењето. Ако постојано се обидувате да направите „само уште една работа“, на пример, да одговорите на некој мејл, да погледнет уште некоја сцена од вашата омилена серија или да завршите некоја домашна работа, вие веројатно спаѓате во оваа група. Обидете се да ги подредите обврските според приоритетот и вашиот проблем ќе биде решен. 

Премалку сон
Овој сегмент се однесува на раните утрински часови, што на оние кои сакаат да спијат подолго им претставува најголем проблем. „Само уште 5 минути“ е реченицата со која многумина го започнуваат работниот ден. Но, всушност тоа е причината поради која секое утро го започнуваат хаотично, а на крајот сепак доцнат. Решението е едноставно, заминете во кревет порано и наспијте се колку што ви е потребно. 

Лоша проценка на ремето
„Таму сум за 5, 10 или 15 минути“, е веројатно омилената реченица на оние кои доцнат, но речиси секогаш не е израз на вистинското потребно време. Кога некој би ве прашал колку време ви е потребно да стигнете до работното место или од еден до друг крај на градот, вашиот одговор ја расчустува мистеријата. Лоша проценка на времето е најчестата прична за доцнење. 

Расеаност и заборавеност
Нема ништо полошо од панично барање на клучевите, новчаникот, мобилниот телефон секунди пред да излезете од дома. Но, уште полошо е кога на патот до договореното место ќе се сетите дека нешто што ви е потребно сте го заборавиле, па морате да се вратите по него. Ова е честа појава, а причината е лоша подготовка. 

Лоша организација на времето
Една од причините зошто секогаш правиме се во послед час, што речиси секогаш резултира со доцнење е организацијата на времето. Неможноста да ги постигнете дневните обврски е резултат на лоша организација, односно пренатрупан распоред. Потрудете се да ги планирате обврските така што ќе го калкулирате максималното можно времетрање на истите и вашиот проблем ќе исчезне.