Златни животни правила: 12 моќни совети за поуспешен живот

Постојано сме во потрага по среќа и среќен живот. И постојано ни се чини дека никако не можеме да ги дофатиме, а и кога ќе ги дофатиме, ни изгледа дека веднаш ни се лизгаат од раце. Денес ви претставуваме 12 совети кои треба да ги прифатите како свои правила, за да имате среќен и поуспешен живот!

Делотворноста на овие правила е потврдена со искуствата на претходните поколенија. Прифатете ги и вие, тие нека станат дел од вашите навики и вашиот живот!

  1. Утрешниот ден започнува уште вечерва, пред да заспиете. Затоа размислете за вашите постапки. Приспомнете си на грешките, со желба да ги поправите. Ако сте им згрешиле на блиските, покаете се искрено. Потоа сетете се на неправдите кои вам ви биле направени и искрено простете им на тие што ви згрешиле. Потонете во сон мислејќи на здравјето, среќата и успесите.
  2. Верувајте во успех. Надевајте се, очекувајте го најдоброто и бидете подготвени и да го остварите!
  3. Мислете позитивно за своето здравје и ќе видите дека во самите вас лежи моќ за исцелување. Волјата е мелем, а верата лек за сите болести.
  4. Мислете и правете добри работи, имајте надеж дека убави работи ќе се случат, сакате и ќе бидете сакани, почитувајте и ќе бидете почитувани, помагајте и ќе ви биде помогнат, ширете мир и ќе имате мир… Она што го посееме, тоа и ќе го нажнееме – тоа е нашиот живот!
  5. Молете се на Бога. Со молитвата можете да постигнете внатрешен мир. Со мирот доаѓа и душевната хармонија, мудрост и телесно здравје. Молете се за оние коишто ги сакате, но и за противниците. Молете се искрено, со верба и срце.
  6. Бидете благодарни на Создавателот, блиските и природата за благосостојбата во којашто уживате. Погледнете околу себе и ќе видите дека имате доволно за да бидете среќни и да имате убав живот.
  7. Имаме онолку колку што имаме желби и во зависност од тоа колку нашите можности ги надминуваат нашите потреби. Без умереност, спокој и радост од исполнетиот ден, нема ни богатство.
  8. Радувајте се на успесите на другите, тоа ќе ве изложи на позитивни мисли и ќе ве насочи кон сопствениот успех. Честитајте им на другите, наместо да критикувате се и секого.
  9. Прифаќајте ги добрите совети, учете и од противниците. Бидете благодарни за критиките. Праведниот критичар ни прави непроценливо добро.
  10. Внимавајте на вашите мисли. Тие се претходници на вашите зборови и дела. Нашиот организам функционира онака како што ние мислиме, природата тежнее да ни помогне во исполнувањето на желбите. Да се преобразуваме кон подобро. Менувајќи се себеси, ги менуваме и другите.
  11. Духот и добрината не стареат. Тоа се свети работи кои секогаш ги носиме со себе во сите периоди од животот. Тие не прават млади. Така нека се чувствуваат и другите секогаш кога ќе застанат до нас.
  12. Бидете добри и љубезни кон блиските. Не дозволувајте да помине ниту еден ден без насмевка. Насмевката е прекрасна одлика на човекот, смеата лечи. Смеата и доброто расположение ја чуваат нашата свежина и го чуваат нашето здравје.