Златна мешавина од мед и куркума: Моќен природен антибиотик

Комбинацијата на мед и куркума е позната и како златна мешавина. Се нарекува златна бидејќи има многу бенефити за здравјето, а поради својата боја потсетува и на златото. Тие имаат силни дејства против воспаленија и содржат многу антиканцерогени својства. 

Помагаат во уништување на многу бактерии, кои се причинители на многу болести и ја зголемуваат опторноста на организмот.

Потребни состојки:

1 лажица рендана лимонова кора

1 лажица куркума

100 гр мед

2 лажици јаболков оцет

малку бибер

Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги куркумата, оцетот и црниот бибер. Додајте ја и лимоновата кора, па потоа на крајот и медот. Добро измешајте ги овие состојки додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Дозирање:

Дневно се препорачува по 1 лажица од оваа мешавина. За да постигнете најдобри резултати, смесата конзумирајте ја наутро. Ставете ја во уста да се стопи, а потоа голтнете ја. Потоа, почекајте неколку минути пред да се напиете вода или друга течност.