Животот е поубав по 30-тата

Иако секое доба од животот носи убави моменти, сепак постојат периоди кои се поубави од различни причини. Ние велиме дека животот е поубав откако ќе наполниме 30 години.

Ова се причините зошто е тоа така.

Сфаќаме дека годините се само бројка

Забележуваме промени во нашето тело, но сфаќаме дека не можеме да се опседнуваме поради тоа. Ја немаме веќе истата енергија како претходно, но ги прифаќаме годините кои ги имаме и сфаќаме дека навистина е важно како се чувствуваме. Возрасни личности сме и ја преземаме одговорноста за тоа, но веќе не правиме нешто само поради тоа што другите или општеството го очекуваат тоа од нас. Свои сме и така ни е најубаво, без оглед на бројката.

Учиме да се грижиме за себе

Сфаќаме дека многу работи влијаат на тоа како се чувствуваме, а и како изгледаме. Го намалуваме кругот на пријатели, ослободувајќи се од оние кои ни носат лоша енергија, почнуваме да вежбаме, да се храниме поздраво. Никој не  мора да не потсетува дека треба да го правиме тоа за себе, едноставно одлучуваме бидејќи така се чувствуваме подобро.

Се познаваме себеси

Знаеме кои работи не прават среќни, а кои ситуации не вадат од такт. Знаеме какви сме кога не сме наспани и какви личности сакаме во својот живот. Го познаваме добро својот карактер, своите навики (добри и лоши) и правиме се што можеме за да ги намалиме лошите избори во животот.

Имаме поголема самодоверба

Колку повозрасни сме, толку поголема самодоверба имаме. Веќе не ни е толку важно што мислат другите за нас, ниту пак се плашиме или срамиме како изгледаме кога правиме нешто. Се прифаќаме себеси онакви какви што сме и иако правиме напори да бидеме подобри, не се опседнуваме со својот изглед и тоа како изгледаме.

Помалку им судиме на другите, а и на себеси

Не се занимаваме со туѓите избори и начин на живеење, бидејќи сфаќаме дека секој ја води својата приказна, на начин на којшто умее да го прави тоа. Помалку критични сме и кон себеси бидејќи знаеме дека често даваме се од себе. Не озборуваме толку колку што се занимаваме со подобрување на своите животи и справување со сопствената драма.

Преземаме одговорност за своите грешки

Преземаме одговорност кога ќе згрешиме нешто, без да го обвинуваме светот или другите околу нас за тоа. Често знаеме каде точно сме згрешиле и си велиме дека следниот пат ќе се потрудиме тоа да биде подобро. Учиме како да бидеме подобри кон себеси и да се обвинуваме помалку за нештата кои не можеме да ги контролираме.