Животот е поедноставен отколку што мислиме

Многу често, сакаме да го комплицираме своето живеење. А, тоа е прилично едноставно. Особено ако ги знаеме овие правила.

1. Не ги сфаќајте нештата лично.

2. Ако можете нешто да направите, не значи дека сепак треба да го направите тоа.

3. Не се обесхрабрувајте додека не ги пробате сите можности.

4. Кога ќе ви биде кажана тајна, сочувајте ја во себе.

5. Чувајте ги фотографиите од сите важни моменти.

6. Никогаш не откажувајте преку смс порака.

7. Никогаш не се шишајте ден пред специјален настан.

8. Кога сте со нови пријатели, не зборувајте лошо за старите.

9. Јадете без телевизор и технологија.

10. Не ги тестирајте границите на другата личност. Можете да ја изгубите во еден момент.

11. Не правете драми и сцени.

12. Немате потреба да го лажете својот доктор, не правете го тоа.

13. Никогаш не прашувајте жена дали е бремена.

14. Ако се понудите да помогнете некому, не се откажувајте на средина.

15. Бидете фини кон помладите и постарите од вас.

16. Ако не разбирате, прашајте.

17. Бидете добар слушател. Светот не се врти околу вас.

18. Научете да менувате гума.

19. Бидете благодарни за малите нешта.

20. Поставете цели.

21. Признајте кога сте во право.

22. Борете се за тоа што ви значи.