Животните од скопската Зоолошка и фотографот Горан Анастасовски објавени во британски Daily Mail

Онлајн изданието на британски Daily Mail објави прилог во кој ги пофали квалитетите на македонскиот фотограф Горан Атанасовски, опишувајќи го како многу умешен во доловувањето на нежноста меѓу животните во скопската Зоолошка градина.

„Симпатичните фотографии ги прикажуваат животните во нивните нежни моменти, уловени од македонскиот фотограф Горан Анастасовски“, почнува текстот на Daily Mail.

Анастасовски е чест посетител на Зоолошката градина во Скопје каде ги „лови“ овие пози од кои ќе ви се стопи срцето.

„Фотографирањето животни е мојата најголема страст и ако успеам да направам барем еден човек повеќе да се грижи за животните, сум ја постигнал целта. Со секоја фотографија што ја снимам целта ми е да ја доловам не само убавината на животното, туку и хуманоста на животните и нивната способност да бидат грижливи и да искажуваат љубов“, изјави Анастасовски за изданието.

Анастасовски можете да го следите на Instagram

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on