Живот во Македонија во 21 век: Платата која ја заработував ја давав на свекорот

Кога ќе се спомене живот во 21 век, се мисли на нешто понапредно, далеку од минатотот. Но, оваа приказна го вели сосема спротивното.

Брачниот пар Трајкови се од Ново Село. Тие стапиле во брак уште додека имле 20 години. Љубовта била причината за тоа, а како што велат, таа е иста голема и сега како и од првиот ден. Во брак се 12 години.

-Стапивме во брак. Бевме многу млади. Немавме услови да живееме посебно, па живеевме во заедница со неговите родителите. Имавме само спална соба за спиење. На почетокот работеа сите тројца, само јас не бев вработена. Седев дома по цел ден, се грижев за куќата, готвев. После половина година најдов и јас работа. Да работам во бутик за детска облека. Платата не беше нешто многу голема, но сепак да си имам нешто мое, и да не бидам затворена дома во четири ѕида. Имав голема волја за работа. И се беше убаво, додека не земав плата. Отидов дома со полни ќеси јадење. Шокот допрва следуваше. Седнавме на маса за јадење и тогаш свекорот се изјасни дека во нивниот дом, обврска е сите да му ги даваат на него платите, а тој ќе води ред за куќата и за се она што е потребно. Ние сме биле многу млади и парите ќе сме ги трошеле за глупосто. А нели возрасни сме за да ги заработиме. Само го погледнав него, го погледнав сопругот, сметајќи дека тој ќе биде на моја страна. А знам дека и тој целата негова плата му ја даваше на него. И бидна така. Во такви услови функциониравме некаде една година. Тој ми вадеше месечна карта за автобус за да одам на работа и верувајте ми дека секој ден ми оставаше по 100 денари на маса за да имам за себе. Многу бев бесна и нервозна. Нашите пари му ги баравме со сопругот. Без разлика дали ни требаат за да одиме некаде на роденден или пак да си купиме нешто. Му се правдав дека ми се потребни пари за долен веш, раскажува Александра.

Александра била пријавена на половина работно време, па дел од плата ги земала на рака. Вели дека дома секогаш пријавувала дека земала помалку, за да може да си има некој денар на страна.

-Тоа лето сакавме со сопругот да отидеме во Охрид на одмор. Баравме од свекорот, како да сме деца, тинејџери. И верувајте, не ни ги даде парите, со изговор дека тој ги чува за подобри денови. Преку глава ми беше и на мене, но и на мојот сопруг. Се испокараа, што за малку не дојде до степен да не избрка од дома. Свекорот се разболе од мака, што тој не води за ред за домот. Набрзо и почина, додава Александра.

Живот во 21 век. Мизерен. Далеку од оној модерен и цивилизиран. Тој не беше лош човек, но имаше лоша навика. Ние тогаш бевме многу млади, особено јас, па страв ми беше да се спротиставам, па само молчев, се нервирав и собирав во себе. Ваква беше мојата судбина кога стапив во брак, ги советувам младите да не дозволат нешто слично вакво. Ние денеска имам тројца синови. Дај боже, ќе имам и три снаа. Едно си сигурснот знам, што преживеав јас, како се чувствав тогаш и како треба да се покажам во иднина.