Живејте по свои правила, животот е прекраток за да бидете лути и огорчени

Често помислуваме дека би било супер кога не би можеле да не погодат зборовите и делата на другите луѓе. Дозволуваме еден лош збор или дело да ни го упропастат денот, па дури и неделата и да мислиме дека целиот свет е против нас.

Сепак, колку и да живееме, колку и да сме моќни, не можеме да го спречиме или смениме однесувањето на другите луѓе. Секој се однесува во согласност на своите ставови и идеали, но и домашно воспитување и цели во животот.

Тоа што другите луѓе го прават многу малку има врска со нас и колку побрзо и полесно го сфатиме тоа, толку полесно ќе ни биде да го прифатиме нивното однесување.

Навредата која доаѓа од другите луѓе е лоша и таа често ни прави да се чувствуваме лошо, но многу често навистина нема никаква поврзаност со тоа што сме или што сме го направиле. Многу навики и промени бараат долга и напорна работа, но ова е поинаку. Само треба да сфатите дека луѓето се луѓе и од нив не можеме да очекуваме да бидат онакви какви што ние сакаме.

Луѓето сакаат да зборуваат и да даваат суд за работите и другите луѓе, но тоа не ги прави експерти за вашиот живот. Зошто толку ве погодуваат нивните зборови кои се резултат на нивните ставови, комплекси, стравови и негативно размислување? Зошто им го давате далечинскиот управувач и дозволувате да управуваат со тоа како се чувствувате?

Ви се допаѓа некој автомобил, купете си го.

Ви се допаѓа некоја боја на коса, сменете ја.

Сакате да одите некаде на одмор, одете.

Не можеме сите да бидеме исти и да мислиме исто, но тоа што можеме да го направиме е да живееме според сопствени правила. Само така ќе бидеме среќни и исполнети, без да им даваме моќ на другите луѓе да управуваат со нашиот живот.