Живејте малку повеќе денес, малку посреќни од вчера

Не сакате да го поминете целиот живот гледајќи во телефоните или затворени дома, без енергија, размислувајќи за тоа како би можело да биде. Голем дел од луѓето кои ги знаеме, а често и самите остануваме дома, велиме дека немаме енергија за ништо и не правиме ништо. Но, животот си поминува. Не нѐ чека.

Следен пат кога ќе се возите во својот автомобил подолго време, направете и нешто конкретно. Слушајте некој интересен Podcast наместо да ги слушате истите песни постојано. Направете си листа на цели во вашата глава. Замислете го тоа што треба да го направите во текот на денот, наместо да се грижите што би можело да се случи.

Следниот пат кога ќе ги видите своите пријатели, наместо да зјапате во своите телефони, прашајте ги како се навистина. Слушнете нешто ново за нив. Направете нешто што би можеле да го раскажувате 10 години од сега. Излезете од својата комфорна зона, бидејќи ако постојано седите таму, никогаш нема да бидете среќни.

Следниот пат кога нема да имате ништо во вашиот распоред, посетете ја својата баба или вашата тетка. Прашајте ги како се, замолете ја баба ви да ви сплете шал, а вашата тетка да ја направи тортата која ја сакавте во детството. Прашајте ги како се, како ги минуваат своите денови.

Следниот пат кога немате да имате што да правите за викенд, наместо да се жалите дека е досадно и дека сте сами, искористете го продуктивно времето кое го имате. Одете на вежбање, одете на прошетка. Изгледајте документарец и научете нешто ново. Направете нешто што ќе ве направи среќни и исполнети, знаејќи дека сте имале продуктивен ден.

Следниот пат кога ќе бидете осамени, наместо да им пишете порака на своите пријатели, јавете се да им го слушнете гласот. Наместо да чатувате долго на социјалните мрежи, одете на прошетка заедно. Направете нешто интересно и убаво.

Почнете да живеете наместо само да егзистирате. Престанете да наоѓате изговори за тоа дека немате време. Не правете планови што би можеле да правите за неколку месеци или следната година. Направете план за денес. Не ги одложувајте работите кои сакате да ги направите.

Живејте малку повеќе, сакајте малку посилно. Бидејќи не знаете никогаш колку долг или колку краток ќе биде вашиот живот или животот на оние кои ги сакате.