Живееме во време во кое сите ја заборавија вредноста на физичкиот допир

Во последните години, општеството сосема ја измени својата перцепција околу физичкиот допир. Дојдовме дотаму што прегратката или потчукнувањето по рамо се сметаат за несоодветни. Иако тоа можеби важи кога станува збор за непозната личност која можеби не сака да биде допрена, сепак овој тренд се шири и кога станува збор за блиски луѓе како членови на семејство и пријатели.

Се навикнавме да тоа да држиме пристојна оддалеченост од сите околу нас, а експертите велат дека тоа е штетно за нашето ментално здравје. Едноставно е, целото општество заборави на вредноста и важноста на физичкиот допир!

Нѐ повредува

Физичкиот допир е многу важен за нашата емотивна благосостојба. Без него, нашето ментално здравје може да страда и можно е да почнеме да се чувствуваме изолирано, осамено, депресивно и анксиозно. Не мора да одите дотаму некој да ве гушне, но истражувањата покажаа дека и нежен допир по рамото може да помогне и да направи некој да се чувствува дека припаѓа некаде и дека е добредојден.

Без оглед на тоа што мислат луѓето, физичкиот допир е витален. Да ја земеме принцезата Дијана како пример. Таа беше првата јавна личност која се ракуваше со лица заболени од СИДА, а тоа беше затоа што таа знаеше дека и најмалиот гест може да утеши некој што страда. Таа дури и јавно повикуваше луѓето да ги прегрнуваат луѓето кои страдаат од оваа болест. Ова поттикна јавна дебата која водеше кон прифаќање на луѓето кои страдаат од болеста.

На луѓето им се вели да не го прават тоа

Да, одлично е што денес дискутираме за работи како дозвола и почитување на туѓите граници. Но, сепак, некои луѓе сметаат дека работите отишле предалеку. Има доктори кои се плашат да прегрнат пациент кој плаче од страв да не бидат сфатени погрешно и да бидат обвинети за непристојно однесување. Постојат приказни и за луѓе кои се плашат да му помогнат на туѓо дете кое паднало на игралиште и се повредило, а во многу училишта, на учителките им се посочува дека доколку некое дете падне, самото треба да си стави фластер на коленото, а тие не треба да ги допираат. 

Ние едноставно целосно го имаме демонизирано човечкиот допир. Која било форма на допир, без оглед на контекстот, предизвикува хистерични реакции кај некои луѓе. Не е ни чудно што повеќето луѓе се плашат дури и да се допрат со рамена при разминување со некого на улица.

Ние сме очајни за друштво

Заборавивме колку е важен допирот. Но, луѓето сѐ уште се обидуваат да го надоместат вниманието (или грижата, како сакате) кое не го добиваат од саканите. Има делови во светот каде луѓе најмуваат професионални гушкачи. Да, и тоа постои како професија, некој кому ќе платите за да ве гушне. 

Ние се наоѓаме среде криза – криза на допирот. На нашиот пат да направиме луѓето да се чувствуваат поудобно и посигурно, ние го направивме токму спротивното. Завршиме со тоа што целосно го отфрливме значењето на допирот. И како резултат на тоа, менталното здравје на луѓето е сериозно нарушено.