Најголемата стрип танчерска трупа на сите времиња „Chippendales“ ексклузивно од Лас Вегас за првпат доаѓа во Скопје.

„Chippendales“ кои со професионалната сценска продукција и фантастична кореографија помогнаа стриптизот да биде прифатен како забава и спорт низ целиот свет, за првпат ќе имаат можност да ги гледаат и македонските дами, на 20-ти март, во хотелот „Александар Палас“.

Нивната приказна започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува. Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show“ како забавна и популарна форма.

Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од „Chippendales“ ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија. Трупата во моментов брои 48 машки танчери. Меѓу нив има студенти, професори, веб дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик боксери...

Настапуваат годишно во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out“ доживување.