Жерновски преминува во СДСМ, ќе биде директор на Биро за јавни набавки

Актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, објави дека освен што се откажува од кандидатурата за нов мандат во Центар, со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, се договорил да добие висока позиција во централната власт, но и да премине во СДСМ.

Според информациите до кои дојде Скопје Инфо според договорот помеѓу лидерот на владејчката партија и актуелните градоначалник на Центар речиси извесно е дека по завршување на мандатот Жерновски треба да седне во директорската позиција во Бирото за јавни набавки. Искуството со тендери и јавни набавки било пресудно Заев да ја понуди токму оваа позиција.

Изворите на Скопје Инфо потврдуваат дека на Заев за оваа позиција му требало прљав играч кој знае да ги заобиколува законот, па токму поради тоа решил ова место да седне Андреј Жерновски.

Интересно е што Претседавачот на општинскиот совет, Мирослав Шиповиќ, кој до пред неколку години му беше десна рака, пред извесен во фејсбук статус го разобличува неговото работење. Шиповиќ наведува неколку причини зошто на актуелниот градоначалник да не му се додели уште еден мандат.

„Како посветен грујовиста доаѓа на работа после 12 часот. Од самиот почеток набавките во Општина Центар се вршат според тендери и се уредно направени и изведени, ама со само еден понудувач, во наголем дел случаи. Си троши бесмислено за репрезентација и службени патувања. Од 2013 година до сега до денар ги има платено обврските за Скопје 2014, близу 500 милиони денари, а за другите проекти Општината должи околу милион евра. “, тогаш напиша Шиповиќ.