Жената во овој хороскопски знак секогаш се издвојува од толпата

Великодушна, театрална, привлечна, одважна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, верна, чесна, разиграна, темпераментна, горда, полна со живот, родена лидерка...

Лесно можете да ја препознаете, бидејќи секогаш се издвојува од толпата: таа најгласно се смее, има најубава насмевка, а нејзината самоувереност едноставно блеска од неа. 

Таа е ЛАВИЦА!

Сонцето владее со овој хороскопски знак, па така во согласност со тоа и Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и многу често и успева во тоа. Има жесток темперамент и знае да избувне, па кога е лута најдобро е да ја смирите со комплименти и мали подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарение на својата интелигенција, досетливост и креативност, нејзиниот живот е исполнет со многу победи. 

Врски

Таа е независна и има изразена силна индивидуалност, па сака партнер со истите тие карактеристики. Не ѝ треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да ѝ дозволи да блесне во полн сјај. Во врската сака многу забава и динамика – не поднесува рутини и постојано смислува начини како да промени нешто во животот. Во љубовта најдобро се согласува со Близнаци, Стрелци и Ваги

Пријателство

Благодарение на својата топла личност, магична енергија, ентузијазам и полетност, таа како магнет ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријатели често се луѓе кои ѝ се воодушевуваат. Таа е великодушна со своите пријатели и сака да им угодува и затоа има голем круг пријатели. Никогаш нема да ги изневери оние кои ѝ се блиски и може да им прости сѐ освен предавство. 

Изглед и стил

Густа и нескротлива коса, баш како грива, изразени црти на лицето и големи и топли очи, широко чело, напрчен нос и мали уши се најкарактеристичните делови од нејзиниот изглед. Таа највеќе се гордее со својата нескротлива коса. Таа успешно може да ги изведе и носи најдраматичните и најнеобичните модни трендови благодарение на вродената самодоверба.