Жена тешко повредена во сообраќајка на „Водњанска“

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера во 08,45 часот на булеварот „Мајка Тереза“ пред крстосницата со улиците „Тодор Александров“, „Ацо Караманов“ и „Белградска“.

Според информациите од МВР, патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.А.(38) од Скопје удрил во пешак Ж.А.(45) од Скопје.

-Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила пешакот Ж.А. која со истото возило од страна на Н.А. била пренесена во Ургентен Центар во Скопје за укажување на лекарска помош по што истата била пуштена на домашно лекување, информираат од полицијата.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.