Жена и дете повредени во тешка сообраќајка во скопско

На локален пат с.Катланово-с.Брезица во Скопје вчера во 18 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу  „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Т.П.(46) од Скопје и „нисан примера“ со велешки регистарски ознаки, управувана од А.С.(29) од Велес.

-По незгодата сопатниците во патничкото моторно возило „лада“, Р.Ј.П.(48) и 10 годишна малолетничка, двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.