Жан Митрев: Храната може да биде одличен антидепресив

Депресијата, стресот и нервозата се состојби кои ни се многу познати. За да се изборите со нив, внимавајте на исхраната. Можеби прво нешто на што ќе помислите е чоколадата.

Но, нутриционистите советуваат да се консумира пастрмка, брокула, бадеми и зелен чај. Овие намирници се богати со витамин Б, кој е најдобар природен антидепресив. Тие содржат магнезиум, флуор, цинк, манган и фолна киселина. Сето она што е потребно да го смири и опушти вашето тело.

Ова е еден од советите кои познатиот доктор Жан Митрев ги дава за борба со стресот и справување со депресивните моменти.