Здрави и среќни: Овие намирници го чистат телото од сите токсини

По празниците и славите, време е да почнеме да водиме сметка за исхраната.  На нашето тело му е потребна детоксикација и исфрлање на сите штетни материи. 

Овие намирници можат да ви помогнат во тоа.

Лук

Интересно е дека лукот често го избегнуваме поради неговиот мирис, но тој има огромна моќ за детоксикација во нашиот организам. Станува збор за сулфиди, кои му помагаат на црниот дроб да ги исчисти сите токсини од нашето тело.

Цвекло

Берталан е состојката која на цвеклото му дава специфична црвена боја, но која исто така помага за ефикасно исфрлање на штетните состојки од нашиот организам.

Хлорела

Се смета дека хлорофилот, нејзиниот пигмент кој е одговорен за зелената боја е всушност моќната состојка која ни е потребна за исфрлање на диоксинот, токсин од исхраната кој се поврзува со пореметувања на репродуктивниот систем, како и неколку видови карцином.

Ленено семе

Не смееме да ја занемариме важноста на природните влакна во детоксикацијата, а лененото семе е одличен извор на такви влакна. Лигнаните од ленот штитат од токсичен естроген, а го намалуваат и нивото 17 на бета естрадиол во крвта која се поврзува со естрогенот на зависните тумори.