Зборови кои имаат огромна моќ

Кога сакаме одредена личност, често велиме „те сакам“. Но, посотјат зборови кои имаат дури  и поголема моќ од тоа.

Те почитувам

Реченица која многу ретко се изговара, а која има дури и поголема моќ од велењето „те сакам“. Почитта носи голема тежина и предизвикува многу подлабоки чувства отколку што изгледа. Да се сака одредена личност е извонредно, но почитта значи и восхит. Не ги почитуваме само оние со кои сме во врска, туку и пријателите и колегите. А, понекогаш и кога исчезнува љубовта, почитта секогаш останува, што е многу важно.

Ти простувам

Простувањето е многу комплицирано, но и многу убаво чувство. Да и се прости на одредена личност која ни згрешила носи голема моќ, која едноставно ја немаат сите луѓе. Од простувањето се раѓа љубовта.

Те заштитувам

Во денешно време, луѓето кои нѐ заштитуваат се многу ретки. Не е важно дали станува збор за родител кој го штити своето дете или пак друг вид на заштита – секогаш е прекрасно да се знае дека некој стои над нас и нѐ заштитува. Затоа, секогаш имајте ја таа личност која ќе направи оклоп околу вас и нема да дозволи да бидете повредени.

Те поддржувам.

Не е важно со што се занимавате во животот. Личноста која ве цени, секогаш ќе ви ја даде поддршката која ви е потребна. Таквите луѓе ќе ви ја даваат својата поддршка секогаш, а особено во тешките времиња низ кои минувате. Чувајте ги таквите личности.