Завршува третата фаза од проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот во Драчево

Општина Кисела Вода ја заокружува третата фаза на проектот за подобрување на сообраќајната безбедност во населбата Драчево, што опфати обнова и поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

-Откако во првата фаза се изврши пребележување на пешачките премини на вкупна површина од 838 метри иквадтрани прешачки премени во вторатата фаза беше извршено поставување на нови сообраќајни знаци и обновување на постојните онаму каде што имаше потреба. Имено во населбата Драчево се обновија 31 собраќаен знак, од кои 20 се сосема нови, соопштуваат од Општината.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ денес вршеше увид во третата фаза на проектот согласно кој на повеќе локации низ населбата Драчево се поставуваат смирувачи на сообраќај (лежечки полицајци), онака како што беше ветено се, во прилог на подигање на свесноста на сите учесници во сообраќајот во име на безбедноста.