Завршница на ракометниот Куп на Македонија

Ракометниот Куп на Македонија викендов ја има својата завршница, дамите ќе играат финале, додека мажите средбите од полуфиналето.

Откако вчера своите полуфинални натпревари ги одиграа дамите во кои Вардар и Металург забележаа убедливи победи над Гевгелија и Прилеп, денеска тие ќе играат во финалето. Стартот на мечот во салата „Автокоманда“ во Скопје е од 16.30 часот.

Во Битола пак ќе се игра завршницата во машка конкуренција. Денеска на програмата се полуфиналните двојки. Домаќинот Еурофарм Работник за противник го има Охрид во мечот кој ќе започне од 17:30 часот, додека во вечерниот термин од 20:30 часот во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат големите ривали Вардар и Металург.

Потсетување дека бранители на трофеите во Купот на Македонија во обете конкуренции се екипите на Вардар.