Завршна изложба на Културно образовно технолошкиот институт

Завршна годишна изложба на Културно образовно технолошкиот институт, или едноставно КОТИ, ќе биде отворена од четврток(02.6.) во кафе-галерија „Ли“. Изложбата е со почеток од 20 часот, а посетителите ќе можат да видат преку 30 дела од 12 автори, членови на институтот.

КОТИ е институт кој се занимава со изучување на сите видови на ликовни, вајарски, дизајнерски и други техники. Делата претставени на овогодинешната завршна изложба, се изработени од страна на групата за возрасни, во текот на изминатата година. Институтот има за цел да промовира различни начини на креативно изразување со голем број различни техники и медиуми.

На изложбата ќе се претстават: Катерина Кокина, Ивана Глигоровска, Сузана Недановска, Мирјана Куновска, Анета Илиева, Ристо Бојчевски, Наташа Каралија, Ребека Спасовска, Силвана Митковска, Ксенија Илиевска, Бранка Трајковска и Билјана Гиноска Алисовска. Модератор на изложбата ќе биде академскиот уметник-скулптор М-р Анета Божинова.