Заврши распустот, МОН предлага големи промени

Од денеска учениците се враќаат во училишните клупи, бидејќи им заврши тринеделниот зимски распуст.

Оттогаш започнува и второто полугодие, кое ќе трае до 9 јуни, по што започнува летниот распуст.Во второто полугодие учениците ќе имаат настава и во сабота, на 17 март и 14 април.

Министерството за образование и наука ги соопшти промените што ги планира во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци, меѓу кои намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежби наместо домашни, како и часот да трае 55 минути со по 15 минути одмор меѓу секој час.

За овие промени ќе следи јавна расправа.

Денеска во клушите седнуваат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.