Започна реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево, кој поминува низ Долно Лисиче

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, го најавија почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево, кој поминува низ Долно Лисиче.

„Со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население“, изјави градоначалникот Марин.
Целта на проектот, на кој активно се работи, е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите што го користат патот Јурумлери – Драчево.

„Овој проект има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди“, изјави министерот Сугарески.

Обезбедени се 14 милиони евра од Светска банка, за сите 12 патишта што ќе се реконструираат во претстојниот период. Приоритет е даден токму на оваа делница затоа што, како што рече директорот Китанов, е многу фреквентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период.