Запалени и оштетени билборди на ДУИ

Вчера околу 14,25 часот телефонски во ПС„Ѓорче Петров“ било пријавено дека во населбата Ѓорче Петров, од страна на непознат сторител оштетени делумно изгорени биле двa билбордa со фотографии на претставници на ПП ДУИ. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Настанот се случил на раскрсницата од ул.„Ѓорче Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на сторителите.