Запалени две возила во Тафталиџе

Ноќеска околу 2.40 на ул. Хашка запалено било возило Опел Астра со скопски регистарски таблички кое било паркирано пред влез на куќата на сопственикот.

Од огнот зафатено било и возило Сеат, а во гаснење на возилата интервенирала и противпожарна служба.