Замир Мехмети, активист на „Шарената револуција“ е предложен од страна на Владата за неизвршен член во одборот на директори на „Македонски Телеком“.

Владата доставила предлог до „Македонски телеком“ за разрешување на актуелните членови на одборот на директори и назначување нови членови.

На владина седница е одлучено да бидат разрешени Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев.

На нивно место Владата во одборот на директори на „Македонски телеком“ ги предложи Горан Трајановски, кој истовремено треба да биде избран и за главен оперативен директор на друштвото, потоа Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши, кој треба да биде реизбран.