Замина премногу брзо: Еве колку ми недостасуваш...

Многу е тешко да се прифати фактот дека еден ден беше тука и дека наредниот ден едноставно веќе те немаше...

Никој од нас не го очекуваше тоа, никој не беше подготвен и не можам ни приближно да објаснам колку ми недостасуваш и колку те сакам.

Тоа што те изгубив беше најтешкото нешто коешто ми се случило во животот.

Само посакувам да можев да се вратам назад и можеби да го сменам сценариото. Сценарио во коешто ти се уште ќе беше тука.

Беше несреќа, но сепак некогаш е тешко да се прифати дека ти никогаш нема да бидеш тука за да ми подариш насмевка или за да ме гушнеш.

Толку бев лута што замина од овој свет, затоа што ти не заслужуваше да заминеш.

Ти заслужуваш се уште да си тука, живеејќи го својот живот, да завршиш средно и да започнеш семејство. Ти го заслужуваш сето тоа.

Но, тоа не беше планот на Бог и почнав полека да го прифаќам тоа.

На моменти можам да почувствувам како ме гледаш одгоре и како ми ставаш случајни прекрасни спомени во мојот ум, спомени каде што јас и ти се смееме и уживаме во животот како да нема да заврши.

Фала ти што секогаш беше со мене кога бев осамена и што ме туркаше да одам напред иако кога почина се што сакав беше да не се мрднам од место и да се вратам назад во минатото.

Те сакам повеќе од што било и ветувам дека никогаш нема да бидеш заборавена.

Фала ти што беше моја другарка која никогаш нема да ја заборавам и поради која го живеам секој ден како да ми е последен.