Заменик министерот за локална самоуправа во посета на општините Прилеп, Битола и Ресен

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски ги посети Прилеп, Битола и Ресен, каде што со градоначалниците на трите општини, Илија Јованоски, Наташа Петровска и Живко Гошаревски на терен се информираше за активностите што се во тек за спроведување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД -19.

Павлески истакна дека координацијата на активностите меѓу централната и локалната власт и меѓу надлежните институции е од суштинска важност за ефикасно и целосно реализирање на мерките, со ангажирање на сите расположливи ресурси.

– Општините се целосно мобилизирани и во тек се активности кои што ги реализираат локалните јавни служби за заштита на здравјето на населението, согласно владините мерки и препраки. Исто толку е важно граѓаните целосно да ги почитуваат мерките на Владата, да останат дома и на тој начин да си помогнат во заштитата на сопственото здравје и на здравјето нанајблиските, рече заменик-министетот за локална самоуправа Павлески.