Законски ограничувања при превоз на миленикот со автомобил

Секој човек кој што има миленик, некогаш имал потреба да го превезе со автомобил за одредена потреба. Не зависно од тоа дали станува збор за прошетка на подалечно место, посета на ветеринар или пријател, превозот со автомобил е неопходен. 

Но, секој граѓанина на Република Македонија е склон да ги почитува Законите, а еден од нив е токму и превозот на миленици со автомобил. 

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патишта постојат одредени правила кои важат и за сопствениците на миленици. Според овој Закон во сообраќајот можат да бидат вклучени онолку патници колку што е означено во сообраќајната дозвола, односно со потврдата за регистрација. Паралелно со тој број не е дозволено да се превезуваат и животни. 

Доколку имате потреба да го превезете миленикот, истото можете да го направите исклучиво во посебно изработени заштитни кутии или кафези. 

Ако дојде до прекршување на законот, сопственикот ќе треба да плати налог со вредност од 35 евра во денатска противвредност и ќе му се регистрираат 20 негативни поени. 

Биди одговорен сопственик и почитувај го Законот поради миленикот, но и поради себе.