Зајакнете го имунитетот и организмот за да се биде отпорен на вирусите

СЗО прогласи пандемија на коронавирусот. Секаде детално можат да се најдат објаснувања како правилно да се заштитиме и да ја спречиме заразата, а еве како да му помогнеме на нашето тело да се избори со вирусот ако сепак стигне до нас.

Нашето тело е “програмирано“ да се бори против болести, но за тоа е неопходно да биде подготвено и силно, па важно е да го подготвиме имунолошкиот систем за борба:

Хормоните за стрес го исцрпуваат имунитетот, доколку постојано се излачуваат. Проверете ја состојбата на вашите хормони и регулирајте ги, бидејќи тие се артилерија на вашите одбрамбени сили. Неопходно е да ги одморите телото и душата.

Знаеме дека преку храна најдобро се внесуваат витамини и минерали, но доколку нешто му недостасува на вашиот организам, тоа најбрзо се надокнадува со суплементи. Токсини освен во храната има и во адитивите и обоените пијалоци.

Физичката активност ги зајакнува духот и телото, меѓутоа, вежбањето како дигање тегови во теретана е стресно за телото. Придржувањето до овие совети значително ја намалува можноста коронавирусот да навлезе во телото.