Загина скопјанец кој утринава паднал искачувајќи ја Матка

Алпинист на возраст од 35 години со иницијали И.М. од Скопје починал утринава откако паднал во близина на хидроцентралната на Матка, пренесува Фокус.

Обезбедувањето го забележало алпинистот кој се искачувал на планината како паднал од голема височина околу 07.35 часот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш потоа И.М. е пренесен во ургентниот центар и му била пружена помош на КАРИЛ во државна болница, но околу 11.45 часот подлегнал на повредите.