Задолжително цигарите ќе се продаваат само со ужасни слики

Во Европската унија повеќе не смее да се продава ниту едно пакло цигари ако на нив нема ужасни слики од последици од пушењето, а е-цигарите се изедначени со обичните.

Во Европската унија повеќе не смее да се продава ниту едно пакло цигари ако на нив нема ужасни слики од последици од пушењето, а е-цигарите се изедначени со обичните.

Во согласност со директивата за цигари на ЕУ, како и Законот за ограничување на употреба на тутунски и сродни производи во Република Хрватска, од денес во цела ЕУ па и на хрватскиот пазар не смее да се продаваат цигари или тутун за виткање, ако здравствените предупредувања на нив не заземаат 65 отсто од предниот или задниот дел на пакувањето.