Задолжителна лекција за сите возачи во Скопје (фото)

Во недостиг на паркинг места и сообраќајна култура во главниот град, на скопските паркиралишта неретко може да се видат возила кои влегуваат во просторот, а понекогаш дури и паркираат на местата наменети за возила во кои се превезуваат инвалидизирани лица.

Деновиве на социјалните мрежи циркулира фотографија на која за жал е прикажан негативен, но корисен пример, кој покажува зошто не треба возилата да зафаќаат ниту најмал дел од означениот простор за овие места, и онаму каде што има, но и онаму каде што нема означена пругаста зона.

Ова е причината поради која не смеете да паркирате на пругастата зона на паркингот!!!