Забраната за возила еден по еден ги затвора рестораните на Водно

Против законска е забраната за возила на Водно, тврдат  угостителите. Реагирале до сите надлежни институции и градот Скопје но оттаму не наишле на разбирање.

Институциите се повикувале на одлуки кои според угостителите се донесени политички, бидејќи правно не се основани во ниту еден од членовите на кои се повикуваат.

– На седницата кога е донесена таа одлука со која забранија, не е донесено решение за забрана за возила. Стои одлука за бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг во две катни гаражи за време на викендите. Реагиравме  до Градот Скопје, се жалевме во сите надлежни институции и во МВР кои се повикуваа на поставените сообраќајни знаци кои не постојат како такви во регистарот на сообраќајните знаци на РМ. )

Здружени во барањето, сопствениците на рестораните, црквата, планинарскиот дом и  болницата,  обвинуваат дека им се прекршени човековите права и слободи, но не само ним туку на сите граѓани. Најавија блокада на патот и тужби доколку не се укине забраната.

– Се повикуваат на членови кои според текстот не предвидуваат таков вид на забрана. Нарушени се човековите права и слободи.

Угостителите се жалат дека за овие три месеци, неколку објекти затвориле а другите се наоѓаат на работ на егзистенција.  Тврдат дека интезитетот на работа е значително намален и на жичницата а граѓаните штитејќи се од казни , не доаѓаат ниту преку работна недела. Од друга страна градоначалникот Шилегов во отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот се пофали дека забраната за движење на возила до Водно придонела за намалување на загадувањето во Скопје .