Забрана за движење за време на викенд: Граѓаните дома после 16:00 часот

На денешната владина седница донесена е уште една дополнителна мерка со која се ограничува движењето на граѓаните за време на викендите. Во сабота и недела се забранува движење на сите граѓани од 16:00 до 5:00 часот наутро.

„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, информираат од Владата.

Имено, веќе  во тек е  полициски час од 21:00 до 5:00 часот наутро, додека пак лицата над 67 години смеат да излегуваат од 5:00 до 11:00 часот, а младите до 18 години, од 12:00 до 21:00 часот, кога всушност почнува и полицискиот час.