Заборавете што ви велат другите и само живејте го животот по свои правила

Голем дел од луѓето „патат“ од мислењето на другите луѓе. Тоа доаѓа од многу причини, но најголемата од нив е несигурноста. Никој од нас не сака да биде осудуван за личните одлуки и избори. Затоа, голем дел од нас се многу претпазливи како се однесуваат. Но, штом поминат одредена возраст тие сфаќаат дека луѓето се такви и тие секогаш ќе наоѓаат причина да зборуваат.

Постојат и голем број луѓе кои никогаш не го сфаќаат тоа. поминуваат часови смислувајќи совршен опис за социјалните мрежи, се откажуваат од своите страсти и цели бидејќи општеството им вели дека не се доволно кул или прифатливи. Се стишувавме себеси за своите хобија и интереси, бидејќи не спаѓаат во групата на оние кул интереси за кои сите други толку многу зборуваат. Но, што правиме во тој случај? Престануваме да живееме поради стравот од другите луѓе и тоа што можеби ќе речат за нас.

Велат дека работите за кои се каеме најмногу се оние кои сме сакале да ги направиме, но никогаш не сме имале храброст да ги направиме. На крајот на денот, најмногу се каеме бидејќи сме си ставиле кочница себеси за нешто што сме сакале да го постигнеме, но сме го потиснале во себе, бидејќи светот ни рекол да направиме така, а ние молчејќи сме го прифатиле тоа. Но, заборавете што ви велат другите луѓе. Заборавете што тие мислат.

Ако сакате да направите нешто, направете го тоа. Ако сакате да бидете нешто, бидете. Не ги слушајте оние околу вас кои се преплашени да направат нешто за својот живот, а кои би направиле сѐ за да ве спречат да успеете или уживате. Освен ако не станува збор за тоа да повредите некоја личност, не дозволувајте им да ви го наметнуваат своето мислење.

Во својата старост, нема да се сеќаваме на луѓето кои биле против нас. Ќе останеме сами со себе, прашувајќи се зошто не сме имале доволно храброст за тоа. Нема да се сеќаваме на критиките, ниту пак на луѓето кои ни ги упатиле тие критики. Ќе знаеме само дека не сме направиле ништо околу тоа што сме го сакале.

Затоа, треба да ја искористиме секоја шанса за да бидеме среќни. Да си покажеме себеси дека животот вреди да се живее и дека тој не е црно-бел, секогаш среќен или несреќен. Многу од работите зависат од нас и од тоа како решаваме да живееме. Дали ќе дозволиме да ги слушаме другите луѓе – тоа зависи само од нас.