За совршен тен: Подгответе природно масло кое ја штити кожата од сонцето и ви дава неверојатен тен

Ова е наједноставниот рецепт кој можете да го направите сами, а кој е составен од 3 здрави состојки за кожата.

Како да го подготвите:

Во 1 стаклена тегла од 250 гр. ставете маслиново масло, а потоа додадете 2 изрендани моркови. На крајот додадете 5 зелени ореви и затворете добро. Чувајте на суво место, околу 2 недели, а потоа процедете го маслото пред користење.

Морковот е богат со бета-каротен, силен антиоксидант кој ја штити кожата од УВ зраците, но и кој и дава одлична боја на нашата кожа. Природниот бета-каротен е побогат и поздрав од синтетскиот кој се употребува во многу креми за сончање.

Оревите се бофати со витамин Е, кој ја чува кожата и ја подмладува. 

Маслиновото масло содржи незаситени масни киселини, но и витамини А и Е кои помагаат од заштита од сонцето.