За сите снаи и свекрви, сегашни и идни - поучна приказна

Една девојка Марија се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Марија сфатила дека нема да живее во мир со својата свекрва.

Марија и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Марија, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.

Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.

На крај, Марија повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Човекот се замислил и рекол: “Марија, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Марија прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

Марија била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Марија секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.