За сите луѓе кои беа покрај мене годинава...

Драги мои,

Ова е за вас.

Вие ми покажавте што значи искрена, безрезервна и чиста љубов.

Ова е за сите вас, вие кои ми ја држевте раката, кои ми ги бришевте солзите, кои ме мотивиравте и буткавте напред...

Фала ви. 

Фала ви што ме сакавте кога не бев баш најлесна за сакање.

Фала ви што ми помогнавте да си ги соберам скршените делови од мене кога животот ме турна на земја.

Фала ви што бевте толку трпеливи.

Фала ви што ме прифативте таква каква што сум и што ми дозволивте да ви ја покажам мојата ранлива страна без да ме осудувате.

Фала ви што ми покажавте дека секогаш ќе бидете покрај мене, без оглед на сѐ. 

Фала ви што бевте мојата светлина во темнината, моите ангели-чувари, фала ви што ми помогнавте повторно да си го најдам патот.

Фала ви што ви помогнавте да ја преживеам оваа хаотична година. 

Фала ви за сите незаборавни моменти и спомени кои ги создадовме заедно. 

Фала ви што верувавте во мене кога целиот свет беше против мене. 

Фала ви што ми ја држевте раката за време на најлошите периоди.

Фала ви што ми дадовте надеж кога мислев дека сите бродови ми се пропаднати.

Фала ви што сте дел од мојот живот. 

Се надевам дека следната година ќе биде подобра за сите и ќе продолжиме да создаваме спомени полни со насмевки и среќа!