За сите кои страдаат од депресија: Оваа пракса може да ги замени антидепресивите

Лица кои страдаат од депресија наместо земање антидепресиви можат да практикуваат јога, што резултира со значително намалување на симптомите без споредни ефекти кои се последица на користењето лекови, тврдат американски научници врз основа на резултатите на едно нивно истражување.

– Истражувањето потврди дека јогата и вежбите за дишење им помагаат на лицата кои не се на антидепресиви, како и на тие кои се на стабилна доза на антидепресиви, но кај кои не е постигната целта, вели авторот на истражувањето Крис Стретер, професор на Универзитетот во Бостон.

Околу 40 отсто од лица кои страдаат од тешка депресија со земањето на антидепресиви не постигнуваат целосна ремисија. Јогата може да се користи како алтернатива или додакот на фармаколошки третмани.

Во текот на истражувањето лицата со тешка депресија биле поделени на две групи, во едната земале голема доза на антидепресиви и имале три 90-минутни сеанси по јога неделно со практикување на јога и дома, додека другата група земала мала доза на антидепресиви со две 90-минутни сеанси неделно со вежбање и дома.

Двете групи забележале значително намалување на симптомите на депресија. Поголем број од членовите на групата со поголема доза на антидепресиви имале помалку симптоми, па истражувачите веруваат дека два часа неделно вежбање јога значи и помалку оптоварување.

Лековите го менуваат расположението, а со јогата се избегнуваат споредните ефекти, како и интеракцијата на лековите.