За седум дена санкционирани 274 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 274 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 02.12. до 08.12.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 163 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.