За само 15 минути нешто брзо, лесно и едноставно за појадок и вечера

 

Коцки полнети со шунка, кашкавал и сирење

Состојки:

1 јајце

200 мл јогурт

400 гр брашно

1 пециво

1 лажичка сол

130 гр бело сирење

130 гр кашкавал

130 гр шунка

1 лажица оригано

3 лажици кечап

Подготовка:

Шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат на ситно.

Од сите состојки замесувате хомогено тесто, кое го развлекувате на набрашнета површина во дебелина од околу 0,5 см и сечете на коцкички.

Коцкичките ги пржите на загреано масло од двете страни, па наредете ги на кујнска хартија за да се исцедат од вишокот на маснотија.

Служете ги топли, но не е проблем и ако се изладени, тие се подеднакво вкусни.