За пријателите кои беа покрај мене кога го допрев дното...

Има моменти во животот кога човек едноставно попушта. Не може веќе да го поднесе притисокот на животот и се крши. Единствената работа којашто му останува се раце кои помагаат да стане и кои го држат кога е најслаб.

Тогаш човек го допира дното. Кога премногу чувал во себе и кога одеднаш ќе пукне. Понекогаш го гледаме тоа како слабост, но не гледаме дека за цело тоа време всушност сме биле силни.

Понекогаш е сосема океј да не бидеш океј. Затоа што во тие моменти, кога си најлош, луѓето кои значат ќе направат чекор напред и ќе те спасат од самиот себеси.

Во моите најтемни моменти, јас имав такви луѓе покрај себе. Луѓе кои не избегаа, луѓе кои ми подадоа рака, луѓе кои ме извлекоа од тага во која тонев како жив песок.

И затоа, денес би сакала да им се заблагодарам...

Ви благодарам затоа што ме сакавте и во најлошото... тешко ми беше да се прифатам себеси во тие моменти. Јас не бев личноста која обично сум, но дури и тогаш ме прифативте. Дури и тогаш ме сакавте.

Ви благодарам што ме потсетивте која сум јас кога се е добро. И што не дозволивте лошото да го замени доброто коешто претходно владееше. Вие ме дефинирате според добрите и убавите моменти, а не лошите.

Ви благодарам што ми помогнавте да застанам на нозе... вие чекоревте со мене, зборувавте со мене. Ми помогнавте да излезам од калта. И сакавте да бидам подобро.

Дури и ако тоа значеше дека нема да бидам океј одреден период. Затоа што знаевте дека за да биде подобро, прво ќе треба да биде полошо.

Ви благодарам што чекоревте заедно со мене... Луѓето се оние коишто одлучуваат дали ќе останат во нашите животи. Го ценам тоа што секо ден го правевте тој избор.

Дури и ако се сопнував и паѓав. Во животот често ќе паѓаме и се сопнуваме, но многу е полесно кога имаме пријатели кои ќе ни помогнат да се вратиме на правиот пат.

Ви благодарам што ме потсетивте која сум... и за сите моменти кога ми кажувавте дека јас сум подобра од тоа што ме скрши.

И ви благодарам за тоа што не ме дефиниравте според моите грешки. И благодарам што ми ги простувавте.

Ви благодарам што ми помогнавте да станам од подот.

И што ме потсетивте да се обидам пак. И што бевте тука за да ми кажете дека денес е нов ден.

Ве сакам!