За непрописно паркирање, пајак го собра „ферарито“ на Перо Антиќ

Пајак на Паркинзи Општина Центар (ПОЦ) му го собра „ферарито“ на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ, Перо Антиќ, кој непрописно го паркирал пред седиштето на федерацијата.

За паркирањето во Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ реагираа граѓани, а набргу со коментари се огласи и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој постираше и фотографии како пајак го собира возилото на Антиќ.