За неочекуваните убави и тажни моменти од 2023 кои ни го сменија животот и многу нови изненадувања во 2024

Кога ќе погледнеме 1 година наназад, кој би рекол дека би ни се случило тоа што ни се случи во текот на 2023. Имавме можеби некакви други цели и надежи.

Не очекувавме дека ќе ја сретнеме љубовта на нашиот живот, дека ќе отидеме на тоа далечно патување, дека ќе запознаеме наш нов најдобар пријател или дека ќе ја добиеме работата од соништата.

Пред една година, седевме можеби со нашите пријатели разговарајќи за тоа каква сакаме да ни биде 2023 година, но од далечина само замислувавме. Таа се случи и ни помина со брзина на светлината.

Имавме и тажни и среќни моменти. Некои денови не можевме да станеме од кревет поради тага, други пак танцувавме од среќа и насмевката не се тргаше од нашето лице. Таков е животот. 2023  за некои можеби не беше поинаква од другите години, но таа донесе многу многу спомени.

Најубавите работи беа оние кои не ги очекувавме. Работите кои ни помогнаа да созрееме и да се смениме. Моментите кои се обидувавме да ги смрзнеме и запаметите до крајот на животот бидејќи беа преубави. Сите моменти со нашите блиски.

Да веруваме дека доаѓаат уште поубави денови пред нас. Да се надеваме на убави утра, прекрасни денови и топли мирни ноќи исполнети со љубов.