За најдобрите другарки на светот

Понекогаш ги отфрламе луѓето од себе и се надеваме дека осаменоста ќе ни донесе мир и спокој. Но, нашите пријатели, никогаш не дозволуваат да се чувствуваме сами.  Понекогаш ставаме маска дека сме среќни, но пријателите се единствените кои можат да видат дека се бориме и се соочуваме со проблем.

Тие се луѓето кои постојано нѐ потсетуваат колку вредиме и колку заслужуваме љубов, и тогаш кога мислиме дека тоа не е така.

Тие се јавуваат на првото ѕвонење на телефонот

Тие ќе ги остават сите работи за да поразговараат со нас и да се осигураат дека сме добро. Тие нема да ни судат ако плачеме повторно и повторно за една иста личност која нѐ повредила.

Тие уживаат да минуваат време со нас

Тие се оние кои не измислуваат и кои не мораат да ги погледнат своите распореди за да бидат со нас. Секогаш наоѓаат момент за да разговараат и вистински да слушнат што имаме да кажеме. Кои несебично ни ја даваат својата љубов постојано.

Тие постојано ни даваат сѐ од себе

Нивното време, енергија, љубов, постојана поддршка. Последното парче пица и последната голтка од мартинито. Тие се несебични и за нив секогаш сме на прво место.

Тие постојано нѐ учат што е вистинска љубов

Тие не бегаат при првата неволја, не ги ставаат своите врски пред пријателствата и не се фокусираат на нашите маани. Тие се тука до нас, секогаш.

Постојано забораваме да им се заблагодариме. Тие се оние кои се тука секогаш за нас од првиот ден на нашето пријателство, без оглед на тоа што ни фрла животот во лице. Ги среќаваме на средина во неделата, на вечерните излегувања, неделните ручеци. Ним секогаш можеме да им се јавиме.

Тие ни покажуваат дека никогаш не сме сами и не сакаат безрезервно.

За нашите најдобри другарки