За луѓето кои останаа со нас додека ги водевме сите наши битки

За сите оние кои не ни го свртеа грбот кога се соочувавме со битките и поразите. Тоа се сите оние луѓе кои нè прегрнуваа и ни кажуваа дека ќе биде подобро. Ретки се, но постојат. 

Можеби не бевме свесни колку сме си потребни едни на други, но животот нè научи на тоа. Научивме дека не можеме да дишеме едни без други и дека често проблемите знаат да станат помали и помалку значајни со нивната поддршка.

Минувавме заедно низ бури, низ тешки денови, но и низ низа недоразбирања. Но, што и да се случувавме, нашето пријателство беше посилно од сето тоа.  

Благодарни сме им што останаа покрај нас и покрај сите пречки и проблеми, што нè бранеа кога тоа ни беше потребно, кога нè стишуваа кога болката беше преголема. Нивното присуство беше неверојатно силно. 

Со нив создававме заеднички спомени, се смеевме заедно, си недостасувавме кога не бевме едни покрај друг, учевме за различните перспективи на животот. Не дозволивме да бидеме разделени од промените во нашите животи, новите можности, новите луѓе во животот. Ништо не можеше да нè раздели. 

Се надевам дека тие луѓе знаат кои се и дека ќе останат до мене до крајот на животот. Да се радуваме, да славиме заедно и  да тажиме, ако така одлучи животот.