За храброста која ни треба на сите да ги надминеме тешките времиња

Понекогаш, храброста е само да ги отвориме очите наутро. Понекогаш значи само појадување и неразмислување за негативните нешта во нашиот живот и заборавањето на сите лоши нешта. Понекогаш, храброста е во гледањето дека имаме луѓе кои не сакаат и кои го мислат најдоброто за нас.

Храброста не е голема изјава, некакво исполнување. Понекогаш, таа е во правењето напор да се биде среќен, или пак уште повеќе, во правењето напор и давањето се од себе да не се биде несреќен, да се заборави на сите нешта кои не прават тажни и кои ни го кршат срцето. Таа е заборавање и простување на луѓето кои не повредиле, на сите неуспеси и надеж за успесите и убавите нешта кои не очекуваат, понекогаш е во вербата дека нештата ќе бидат подобри.

Храброста не е во искачувањето на Монт Еверест или менувањето на светот, понекогаш таа е во преживувањето на денот, на деновите, месеците кои ни носат тага и кога мислиме дека не можеме да се избориме со светот, но сепак успеваме во тоа.

Понекогаш, храброста не е борба. Таа понекогаш е во едноставното прифаќање дека работите не се во ред, но дека ќе дадеме се од себе и ќе се потрудиме да бидат. Таа се јавува во најтемните и најтешките денови кога сфаќаме дека мораме да се потрудиме да најдеме сила во себе.

Храброста е во реализацијата дека растеме и созреваме и дека можеме да се носиме со нештата кои ни ги носи животот.