За девојките кои мислат дека никогаш нема да го добијат својот среќен крај, ова е за вас...

Го знаете оној период кога сите вашите другарки се мажат? Овие години се навистина тешки за сите што се сами. Секој ден добивате по некоја покана за свадба, а годинава сте биле сигурно минимум на 5-6 свадби.

Не ме сфаќајте погрешно, навистина се радувам кога двајца заљубени конечно ќе го добијат својот среќен крај.

Особено кога се работи за мои другарки, јас сум среќна кога и тие се среќни. Но, одењето од свадба на свадба по некое време знае да ме умори. Иако пиењето и танцувањето се одлична забава, сепак е тапа кога знаеш дека немаш некој кој ќе биде покрај тебе.

Се фаќаш себеси како размислуваш:  „Кога ќе дојдам јас на ред? Кога ќе најдам некој кој ќе ме сака толку многу?“

Мислам дека сите сме се нашле во таква ситуација... посакувајќи дека еден ден, нам ќе ни дојде редот да бидеме на тој подиум, танцувајќи го првиот танц и сигурна сум дека тоа ќе биде прекрасно чувство.

Но, што треба да правиме додека го чекаме вистинскиот да дојде?

Единствената работа која можеме да ја направиме е да чекаме. Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, но чекањето вистинскиот да дојде навистина се исплати. На крајот на краиштата, вистинскиот дечко е некаде таму. Верувајте и на судбината дека знае што е најдобро за вас.

Само за еден миг навратете се на некој поранешен дечко. Зарем не ви е драго што не се помиривте да бидете со него? Зарем можете да се замислите во брак со него?

Ако сте како мене, тогаш сигурно си мислите: „Колку ми е мило што не го добив она што мислев дека го заслужувам.“

Никогаш не се задоволувајте со помалку... никогаш.

Луѓето можеби ќе ви кажат: „Твоите очекувања се превисоки! Никогаш нема да најдеш таков дечко, таквите не постојат!“ Но, не ги слушајте. Не се вашите очекувања превисоки и дечкото којшто го посакувате – ПОСТОИ!

Не правите ништо погрешно, едноставно знаете што заслужувате и ќе го чекате дечкото кој ќе се однесува со вас онака како што заслужувате.

Не се обесхрабрувајте кога гледате како другарките си ги средуваат животите, а вие се уште лутате. Сите се чувствуваме така во одреден период од животот и тоа е океј.

Треба да знаете колку вредите и да сфатите дека ќе го најдете вистинскиот маж за вас. Можеби ќе почекате малку подолго, но ви ветувам дека чекањето ќе се исплати на крај.

Вие ќе си го пронајдете вашиот среќен крај во свое време.